СДСМ ВЕЛЕС: Горди сме затоа што е огромен придонесот на СДСМ од периодот кога ние ја предводевме локалната власт

GRADSKI PAZAR

Горди сме што токму денес, во чест на големиот празник, ќе се пушти во употреба новиот затворен Градски пазар. Горди сме затоа што е огромен придонесот на СДСМ од периодот кога ние ја предводевме локалната власт од 2017 до 2021 година, изјави на денешната прес конфереција членот на советот на општина Велес од редовите на СДСМ, Пандорка Приличкова.

Zito akcija 640x289px

Прличкова посочи дека како локална власт наследиле криминално распишан тендер и незаконски склучен договор со изведувач за изградба на челичната конструкција, како објектот да треба да се гради од покрив, а не од темели и со незаконски издадено одобрение за градба.

Agria

Во продолжение целиот прес на велешкиот огранок на СДСМ Велес.

„Дозволете ми најнапред вам и на сите велешанки и велешани, каде и да се, да ви го честитам, денешниот голем ден 9.ти Ноември-Денот на ослободување на Велес и Ден на општина Велес.

Ви посакувам добро здравје, среќа, многу успеси на личен и на деловен план и благосостојба.

Горди сме што токму денес, во чест на големиот празник, ќе се пушти во употреба новиот затворен Градски пазар. Горди сме затоа што е огромен придонесот на СДСМ од периодот кога ние ја предводевме локалната власт од 2017 до 2021 година.

Затворениот Градски пазар е најголема локална капитална инвестиција во Велес во последните 30 години. Макотрпен беше патот што моравме да го изодиме од идеја до реализација.

Да ве потсетиме. Во 2017 година наследивме изготвен основен проект и многу грешки во чекори. Имено, во функција на изборната кампања од тогаш претходниот градоначалник Чадиев, наследивме криминално распишан тендер и незаконски склучен договор со изведувач за изградба на челична конструкција, како објектот да треба да се гради од покрив, а не од темели и со незаконски издадено одобрение за градба, заради тоа што општина Велес не беше корисник на градежното земјиште. Затоа моравме прво да ги исправиме грешките.

Прв услов беше да донесеме Детален урбанистички план кое траеше скоро 2 години. По донесување на истиот ,од државата добивме право на користење на градежното земјиште каде што е пазарот, кое по катастрофална грешка во периодот пред 2017 година било отстапено на ЈКП Дервен.

Дури тогаш се исполнија условите за издавање легално, законско одобрение за градење. На барање на локалната власт предводена од СДСМ, Владата, за што и изразуваме огромна благодарност, ни додели 40 милиони денари за изградба на горниот дел од пазарот.

Бидејќи вкупната инвестиција беше предвидена на 84 милоини денари одма почнавме постапка за обезбедување на преостанатите 44 милоони денари. Со поддршка само на советничката група на сдсм се донесе одлука за заем од светска банка под многу поволни услови. По многу макотрпна работа заемот ни беше одобрен и со тоа финасиската конструкција за изградба на Градски пазар беше затворена, заедно со малку преостанати средства од Буџетот на Општина Велес.

Горниот дел од пазарот беше завршен во 2021 година со што и продавачите и купувачите времено добија многу, многу подобри услови за продавање и купување.

Како резултат на успешното водење на проектот од Светска банка во 2017 година ни беше одобрен грант од 12 милиони денари со кој се изгради водоснабдителнот систем за село Сопот, од кој ќе се водоснабдува и винаријата Шато Сопот, а потоа и едно помало противпожарно возило.

Почитувани, овие информации ги споделуваме со вас заради вистината, за да се знае кој каков придонес дал за изградбата на пазарот. Иако на крај сето тоа ќе се заборави. Најважно е дека Велес од денес го има најубавиот и најфункционалниот пазар во Македонија. Овој ден е голем ден за сите нас. Во име на Советничката група на СДСМ, на граѓаните на Велес и на околните општини, бидејќи пазарот има регионално значење заради централната положба на Велес, им посакувам со здравје да го користат, а на нашиот убав Велес му посакувам што повеќе вакви големи капитални инвестиции во иднина, за секојдневно што повеќе да го подобруваме квалитетот на живот“.

Инаку, на денешното отварање на градскиот пазар поканети да ја пресечат лентата беа и поранешените градоначалници Аце Коцевски од СДСМ и Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ.

Ace Kocevski, Marko Kolev, Slavco Cadiiev

Можеби ќе ве интересира: