„Синиот портокал“ со награда за најдобра претстава од публиката на фестивалот во Ресен

Претставата „Синиот портокал“ од Народниот театар „Ј.Х.К Џинот“ од Велес ја доби наградатата „Најдобра претстава од публиката“ на јубилејното 20-то издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2022, кој се одржа во Ресен.

Zito akcija 640x289px

Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2022 се одржува од 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското езеро за меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во претставата играат Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски и Самоил Стојановски, а режијата е на Александар Ивановски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31103/dvajcza-zhiteli-na-selo-izvor-go-napadnale-svojot-soselanecz-vo-negoviot-dvor/