Трибина во организација на компанијата Ронтис: „Превенција и рано откривање на рак“

Rontis Veles

Трибина под наслов „Превенција и рано откривање на рак“ во организација на компанија Ронтис ќе се одржи во Велес на 3 февруари во велешкиот театар. Настанот е по повод Светскиот ден за борба против ракот, а целта е да се подигне свеста за ракот и да се поттикне неговата превенција, откривање и лекување.

Zito akcija 640x289px
Bojana Dimovska menadzer vo Rontis

„Направивме интерна анкета и добивме фрапантни податоци, па одлучивме една ваква трибина од отворен тип за сите граѓани.  До овој заклучок дојдовме по спроведена интерна анкета меѓу вработените, кои не се доволно запознаени што треба да сторат за превенција за сопственото здравје, кои можностите им ги дава здравствениот систем. Потреба е едукација кои здравствени прегледи можат да се направат, кои им се на располагање,  и да се спречи или превенира канцерот како болест. За да не дојде во крајна, смртоносна  фаза. Сакаме да допреме до поголем број на граѓани“, рече Бојанa Димовска менаџер на компанијата Ронтис.

Agria

На трибината, на која ќе можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани, ќе говорат др. Милка Панова и др. Елена Јаневска, лекари по општа медициа, др. Весна Николовска Неделкова, специјалист кардиолог, и др. Аристотел Тренчев, гинеколог.

Трибината која ја организира „Ронтис“ влезе во календарот на Светскиот ден за борба против ракот.

Од „Ронтис“ ги покануваат сите граѓани на Велес да го посетат настанот, кој ќе се оддржи во велешкиот театар на 3 февруари со почеток од 18 часот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35659/pritvor-za-grupata-predvodena-od-25-godishnen-veleshanecz-koj-so-uczena-prinuduval-na-seks-14-godishno-devojche/