ТВ21: Постигнат договор за учениците од Велес, гимназијата „Кочо Рацин“ ќе има 2 паралелки на албански јазик

Gimnazija Koco Racin-Veless

Две паралелки на албански јазик во гимназијата Кочо Рацин во Велес ќе бидат отворени, објави ТВ21. Во паралелките ќе се запишуваат ученици со над 50 поени, а другите кои не ги исполнуваат поените предвидени со закон, ќе треба да се запишат во економското училиште во албанската паралелка, вели за ТВ21 директорот на Инспекторатот за образование, Халит Ферати кој очекува целиот овој процес да заврши што побрзо со цел да не се одолговлекува уште повеќе образовниот процес на децата, пренесува ТВ21.

Zito akcija 640x289px

„Имаше одлука на Советот на општина Велес за која би рекол донекаде е отфрлање на одлуката на министерот да се отвори паралелката, или подобро кажано противење на конкурсот за пријавување на ученици. Во ниту еден конкурс не може да се случи по завршувањето на конкурсот за пријавување дури и носителот на функцијата во конкретниот случај директорот, или министерот, најмалку советот на општината, по завршување на конкурсот да донесе одлука за намалување на паралелки и во него во исто време се дискутира за листа на ученици кои треба да се примат. Ова се случи само во општина Велес“, рече Халил Ферати, директор на Инспекторат за образование.

Agria

Телевизијата пренесува дека Шаќири објаснува дека поради критериумите потребни при пријавувањето во средно училиште ќе се примаат деца кои се со над 50 поени и некои со 49.

„Очекувам утре дефинитивно да ги повикаат родителите и во најбрз можен рок децата да тргнат во истата гимназија. Останатите што остануваат под точките што не се, 3 или 4 деца, ќе продолжиме да комуницираме со нив, но ќе инсистирав заради целиот овој процес сите да го поддржиме да се отвори другата паралелка која е во економското средно училиште“, рече Шаќири.

Проблемот во велешката гимназија се создаде на првиот училишен ден, 1 септември, кога 16-те ученици Албанци примени во гимназијата ги напуштија просториите на училиштето откако Советот на општина Велес ја отфрли одлуката на Министерството за образование за 2 паралелки на албански јазик.

Извор на веста: tv21.tv

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40903/video-foto-sdsm-direktorot-na-veleshkata-gimnazijata-pobaral-nova-albanska-paralelka-gradonachalnikot-kolev-i-pratenikot-zdravkovski-go-krieja-dokumentot/