Првата крводарителска акција во 2021 година, која ја организираше Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје е успешна.
Крводарителите од Велес и околината остануваат едни од најхуманите во целата држава. На денешната акција вкупно се даруваа 65 крвни единици. Поголем дел од дарителите или 49 беа мажи, а 16 жени. Четворица од нив за прв пат даруваа.
Акцијата се одржа во ликовниот салон, а заеднички организатори се Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.Во текот на 2020 година крводарителите од Велес, Градско и Чашка донираа вкупно 3.390 крвни единици со што го натфрлија годишниот план за крводарување за 182,16 проценти.
Можеби ќе ве интересира: