Вечерва премиера на „Нема струја за електричниот стол“ во Велешкиот театар

Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од современиот бугарски писател Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројковски, ќе има премиера вечерва во 20 часот на сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Ова е прва премиера за велешкиот театар годинава. Станува збор за црна комедија, дуодрама во која улогите ги толкуваат Васил Зафирчев и Исидор Јованоски.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

За режисерот Пројковски, претставата зборува на еден современ сценски јазик, со многу технологија, анимација, видео. Таа е специфична во изразот и претставува спој помеѓу театарот и филмот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Овој мултимедијален проект има за цел да ги преиспита границите меѓу сценското дејство, филмскиот израз и видеоанимацијата преку постојаното претопување на различните медиуми во единството на театарската претстава.

Драматург на претставата е Сашо Димоски, Филип Коруновски е автор на сценскиот дизајн и на плакатот за претставата и како коавтор на видеодизајнот и анимациите заедно со Борче Конзулов. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо се на Сашко Костов, а камерите во претставата се на Данчо Стефков и на Александар Костов.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37634/osmi-april-svetski-den-na-romite/