Велешанецот Александар Анастасов – ново лице на македонската музичка сцена (Видео)

Aleksandar Anastasov

“Нема зима“ е насловот на првиот сингл од првиот албум на младиот и згоден дечко, новото музичко лице на македонската музичка сцена Александар Анастасов. Младиот велешки пејач изминатиот период заедно со добро одбрана екипа го снимаше својот прв видео спот за својот прв сингл.

Zito akcija 640x289px

Што се однесува до снимањето на видео спотот за песната  за батали.нет го изјави следното:

Agria

„Ова е почеток на моето ново поглавје во животот , почеток за кој што живеев и чекав да се случи. Од овој момент работиме на нови дела со кои сакам да ве направам сите вас среќни , а јас сум среќен кога сте и вие. Благодарен сум на Весна Малинова за магијата што знае да ја создаде во секоја креација и предизвик ситуација и за создавањето на мојата прва песна (не и последна) заедно со Огнен Митев Fussflow (музички коавтор и аранжер на песната) и Влатко Миленкоски (снимател и менаџмент советник). Благодарен сум на Петар Тутунџиев ( режисер и монтажер на видеото) како и сите оние кои беа дел од оваа приказна“, рече Александар Анастасов.

Во продолжение ви ја претставуваме песната на велешанецот Александар Анастасов:

Можеби ќе ве интересира

https://batali.net/37268/foto-promoczija-na-kampanata-mvr-za-graganite-zaednicza-doverba-odgovornost/