43-годишниот велешанец кај кого е откриен Делта сој на ковид-19 веќе една недела е хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница. Неговите резултати пристигнале утрово, кога е утвдено дека ја има индиската варијанта ан коронавирусот.
Според епидемиолошката анкета која е извршена, велешанецот пред две недели се вратил од Англија, каде што најверојатно се заразил со вирусот. Тој има полесна клиничка слика.
Текстот продолжува по рекламите
„На инфективно одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес хоспитализиран е пациент на 43 годишна возраст позитивен на Ковид 19 кај кој е докажан делта сојот , истиот пациент е вратен од Англија пред две недели, а хоспитализиран 7 дена во нашата болница. Пациентот е со полесна клиничка слика и не е на кислородна поддршка“, рече др. Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Текстот продолжува по рекламата
Велешанецот е четвртиот откриен случај со Делта сој, а според министерто за здравство Венко Филипче, уште четворица пациенти се водат како сомнителни и се испитува дали ја имаат индиската варијанта на ковид-19.
Можеби ќе ве интересира: