Велешанецот Марјан Димитриовски – сопственик на единствениот македонски ресторан во Полска

Гродзиск Вјелкополски е мал град во Полска, со неколку илјади жители. Иза е сопственичка на ресторан во градот веќе неколку години. Историјата на овој објект започна со љубов на прв поглед. Иза го запозна Маријан на одмор во Хрватска. Таа беше на одмор таму, а тој беше менаџер на хотелски ресторан. Се запознаа на последната вечер и веднаш меѓу нив се запали оган. За жал, затворените граници поради пандемијата ги раздели. Маријан се врати во неговата родна Македонија. Кога се појави можноста, Иза и Маријан се сретнаа повторно и решија да живеат заедно во Полска.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во Гроджиск Вјелкополски, Иза имаше своја мала фризерска работилница, додека хотелската индустрија во Хрватска постепено се подигнуваше од кризата поради епидемијата на коронавирусот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Почетокот на престојот на Марјан во Полска беше тежок – не го знаеше јазикот и во време кога гастрономијата имаше потешкотии, започна со чистење. Но, наскоро со воскреснувањето на туризмот, почна да добива понуди од светот. Пред нив пак, се појави приказната за разделбата. За да бидат заедно, одлучија да ризикуваат и да отворат балкански ресторан во центарот на Гроджиск Вјелкополски, чија име “Александрија” се однесува на Александар Македонски.

Ова беше значајна инвестиција, финансирана во голема мера со кредити. Иза и Маријан, меѓутоа, се одлучија дека љубовта и трудољубивоста ќе ги победат сите пречки.

Вака започнува приказната за велешанецот Марјан Димитриоски, кој од Македонија, преку Хрватска, животниот пат го донесе во Полска, во град близу Познањ. Ресторанот „Александрија“ го отвори во јули минатата година и е единствен македонски ресторан во Полска. Марјан е познат музичар, кој и во Македонија градеше успешна кариера. Тој одлично свири пијано и пее.

„Среќен сум и многу сум задоволен што можам на полските гурмани да им ја претставам нашата храна, музика и македонски вина. Сите нашнинци кои се на минување тука, се добредојдени во нашиот ресторан “Александрија“, рече Марјан.

Приказната на Марјан и Иза деновиве ја овековечи во своето кулинарско шоу и познатата полска водителка Магда Геслер, кое се емитува на една од најголемите телевизии во Полска – ТВН.

Линк до емисијата:

https://tvn.pl/programy/kuchenne-rewolucje/kuchenne-rewolucje-przed-emisja-w-tv-poznajcie-historie-izy-i-mariana-6896348?fbclid=IwAR3rc3HTdTnLGfnNfRjBpMSRev09rbeKTCBXr0B9OFHAaflamkFdvhnorQo

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37759/borecz-ima-nov-trener-aleksandar-panovski-go-zameni-nikola-karchev/