Велешаните Габриела Гајдова и Александар Шопов избрани за судии во скопска Апелација

Судиите Габриела Гајдова и Александар Шопов станаа нови аплеациски судии. Двајцата судии од Основниот суд Велес, Судскиот совед денеска ги избра меѓу осумте нови судии за Апелациониот суд Скопје. Гајдова ќе суди во кривичниот, а Шопов во граѓанскиот оддел на судот.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Габриела Гајдова, која неодамна се здоби со титула „доктор по правни науки“, ја доби довербата на членовите на Судскиот совет со сите 12 гласа „за”. Таа е едукатор на младите судии и обвинители, објавува трудови и книги, на ретки теми, како што е лекарската грешка.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

„Таа не само што учествува на конференции и тркалезни маси, туку е храбра и да го креира казненото право”, кажа Весна Дамева, а по неа сите 11 членови на Судскиот совет редеа комплименти, истакнувајќи ја како редок пример на кариера во судството.

Членовите на Судскиот совет, имале пофални зборови и за интегритетот на судијата Александар Шопов, кој е поранешен претседател на Основниот суд Велес.

Габриела Гајдова е позната во јавноста како судија која ја изрече највисоката затворска казна за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, кога Ангелче Николов кој лани на пешачки премин ја усмрти 11-годишната Магдалена, го осуди на 18 години затвор. Подоцна, токму Апелацискиот суд во кој сега е избрана да биде судија, ја преиначи пресудата на 8 години.

Можеби ќе ве итнересира: