(ВИДЕО) Лучков: Младите се „испуштени“ и од семејството и од воспитно-образовните институции

Младите луѓе се „испуштени“ во воспитанието и од семејството и од воспитно-образовните институции, вели социологот Љубе Лучков, по повод сè позачестените криминални настани, кои речиси се случуваат во Велес. Според Лучков, државата затаила во овие сегменти, а проблем се и ниските казни за престапниците, но и тоа што затворите ја загубиле ресоцилјализационата компонента.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Тој го дели мислењето дека Велес е град со висока стапка на криминал, а тоа го препишува на пропаднатата индустрија во 90-тите и првата деценија од 21 век, немањето алтернатива за егзистенција. Во трката за пари, родителите ги испуштија своите деца. Тие пак сега наоѓаат начини за лесна и голема заработка, но недостигот од воспитување, најчесто ги тера на криминал.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Велес беше град на индустријата, економски најразвиен во државата, со огромни фабрики, кои вработуваа многу луѓе. Во транзицијата, индустријата пропадна, многу луѓе останаа на улица и немаа алтернатива, како што имаа граѓаните од некои други области во земјава. Во таква ситуација, младите луѓе, во тоа настојување да се збогатат преку ноќ, не бираа средства. Па, затоа ни се случи и „Франкфурт мафија“ и затоа ни се случува и ова денеска“, вели Лучков.

Речиси нема ден без Велес да се најде во полицискиот билтен, а најчести сторители на кривични дела се млади луѓе. Група од петмина, меѓу кои четворица се велешани се уапсени за трговија со дете. Според полицијата и обвинителството, „мозокот“ на целата операција бил 25-годишен велешанец, кој кон крајот на 2021 година преку Инстаграм запознал 14-годишно девојче и откако ја здобил нејзината доверба, на првата средба имал сексуални односи со неа, кои ги снимал, а потоа снимките ги користел како средство за уцена, девојчето да има сексуални односи со негови пријатели.

Вчера 38-годишен маж, кој штотуку излезе од затвор за убиство на својот брат, прво ја застрела во стомак својата 25-годишна девојка, па потоа си пресуди сам. Пред пет дена, 20-годишник во Богомила уби 60-годишен соселанец, кој од куќата на убиецот сакал да си го прибере семејството дома. Велешани коментираат дека во градот се повеќе многу млади луѓе имаат многу пари, па беснеат во разврат. Социологот Љубе Лучков е загрижен за ваквата состојба. Според него ниту родителите, ниту пак наставниците создаваат доволно авторитет кај децата.

„Секоја сериозна држава, уште во најраната возраст на децата, треба да обрне поголемо внимание, не само на образовната, туку и на воспитната компонента, почнувајќи од предучилишните установи, како јасли, градинки. Ние тука, како држава, многу затаивме“, вели Лучков.

Погледнете го целото интервју со социологот Љубе Лучков:

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35659/pritvor-za-grupata-predvodena-od-25-godishnen-veleshanecz-koj-so-uczena-prinuduval-na-seks-14-godishno-devojche/