(ВИДЕО) Протест на мештаните во Папрадиште

Или гаранции дека ќе го поправите патот или вашите камиони нема да припарат до сеча. Ваков ултиматум на Македонски шуми му дадоа жителите и викендашите од селото Папрадиште.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Гневни што последните три километри пат од Богомила кон Папрадиште речиси и да ги нема, тие денеска излегоа на протест. Раскажуваат дека наместо да пробие свој пат во планината, тешката механизација и камиони на јавното препријатие надлежно за шумите го користи и така веќе оштетениот пат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Лутината е уште поголема оти велат дека ветувањата кои ги добиле од првите луѓе на Македонски шуми и градоначалникот на Чашка на заедничкиот состанок пред неколку недели, не се исполнуваат.

Содржината продолжува под рекламата

И додека ги снимавме овие кадри, пилите на Македонски шуми ги сечеа дабовите и буковите дрвја. Жителите се плашат дека поради голиот предел, земјата од ерозија ќе се свлече и дополнително ќе го уништи патот.

Градоначалникот на Чашка Горан Стојановски признава дека не се согласува со ваквиот начин на сечење на шумата и вели дека општината е немоќна сама да го поправи патот. Само за санација на најоштетениот дел од еден километар потребни се 100 илјади евра, пари кои општината ги нема.

Директорот на Македонски шуми Валентин Груевски денеска не одговори на нашиот телефонски повик, откако претходно разговараше со жителите и им закажа средба за в понеделник, на која ќе присуствува и градоначалникот Стојановски. Овие граѓани се упорни и велат дека нема да ги тргнат барикадите, се до исполнување на нивните барања.

Можеби ќе ве интрересира:

https://batali.net/30826/elma-shemsovik-go-napushti-borecz/