(ВИДЕО) Во Кавадарци отворен регионален вински музеј

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј. Проектот „Унапредување и промоција на вински туризам во Вардарскиот плански регион преку инфраструктурно уредување на регионален вински центар – Винска куќа во општина Кавадарци“, се реализираше во партнерство со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и општина Кавадарци во периодот 2019-2020 година.

Zito akcija 640x289px

„Со реализацијата на овој регионален проект Кавадарци добива заеднички вински центар, каде што сите производители од регионот ќе можат да ги промовираат своите производи на едно место, а со тоа да се обезбеди поголема промоција на винскиот регион со што ќе се подобри локалниот економски развој“, рече Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Agria

Проектот се реализираше согласно Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој за 2019 година со вкупна сума од 7 549 640 денари со вклучен ДДВ, а општината учествуваше со сопствени средства во висина од 3 096 460 денари.

https://www.facebook.com/KTVKavadarci/videos/1519923884860363/

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11824/hronichno-bolnite-licza-da-se-vratat-na-rabota-predlaga-komisijata-za-zarazni-bolesti/