Водата од чешмата во Башино село е бактериолошки неисправна

Cesma Basino selo

ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес препорача водата од чешмата во Башино село да не се употребува за пиење. Тие во примерок  од вода констатирале присуство на Колиформни бактерии (индикатор на фекално загадување) и дека водата е неисправна за пиење.

Zito akcija 640x289px

„Според резултатите од последниот Извештај од извршена анализа за здравствена безбедност на водата за пиење од природна  чешма БАШИНО СЕЛО на 11.07.2022 год., JЗУ Центар за јавно здравје – Велес дава стручно мислење дека примерокот од вода има присуство на Колиформни бактерии (индикатор на фекално загадување) и дека водата е неисправна за пиење,  не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа. Оваа вода не може да се користи како вода за пиење“ соопштија од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Побарано е од ЈКП Дервен да изврши соодветен треман на водата во каптажата. По извршениот третман ќе се изврши контролна проба на водата од чешмата, а за квалитетот на водата граѓаните ќе бидат навремено известени.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31088/veleshaneczot-kostadin-petrov-potpisha-za-tor-akurejr-od-island/