Волонтери на Црвен крст од Велес трет ден делат вода за пиење

crven krst Veles

Волонтерите на велешкиот Црвен крст со возило трет ден на температури над 40 степени ги поминуваат најфреквентните улици во градот и од 13 до 16 часот делат ладна флаширана вода. Тие на граѓаните им делат и флаери за заштита од топлотниот бран, правилна летна исхрана и за заштита од шумски пожари, информира за МИА Орце Николов, секретар на ООЦК Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На терен увидовме дека  мал е  бројот на граѓани коишто се движат по улиците во овој временски период, што посебно не радува. Тоа значи дека нашите сограѓани ги почитуваат препораките за заштита од топлотен бран, појасни Николов.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Тој потенцира  дека не се стационирани на пункт бидејќи оваа практика е променета. Додаде дека волонтерите обично одат по тројца. Николов најави дека со делење на флаширана вода  ќе продолжат и во наредните денови се додека трае портоколовата фаза.

Тие флашираната вода за пиење ја набавиле од сопствениот буџет и во дел од Општина Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39872/uapsen-napagachot-na-snimatelot-na-tv-24/