За наводен долг физички нападнат велешанец

Policija oznaka

СВР Велес, во првиот ден од Новата година, приведе двајца велешани Ј.Ф.(26) и Х.М.(26), кои поради наводно претходен долг физички нападнале 31-годишен маж од Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 01.01.2024 во 08.10 часот полициски службеници од СВР-Велес ги лишиле од слобода
Ј.Ф.(26) и Х.М.(26), двајцата од Велес, затоа што, според пријавеното, на улица „Борис
Трајковски“ во Велес поради наводно претходен долг физички нападнале 31-годишен маж
од Велес“, информираа од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За настанот е известен јавен обвинител, лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Moжеби ќе ве интересира: