Зејтин ќе има, двојно зголемен откуп на сончоглед споредено со претходната година

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја посети фабриката за прехранбена индустрија „Кристал 1923″ од Велес и оствари средба со менаџерскиот тим и група земјоделци – производители на сончоглед.

Zito akcija 640x289px

Министерот Николовски рече дека лани во услови на криза и започнување на војната во Украина, биле усвоени низа на мерки со кои пред сè промовира договорното производство. Исто така посочи дека со сите мерки на Владата, лани цената на маслото за јадење беше над 155 денари за литар, а годинава е 90 и под 90 денари за литар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Сопственикот на прехранбената индустрија „Кристал“, Горанчо Лазов истакна дека снабдувањето со сончоглед е стабилно и масло за јадење ќе има иако засега нема можност 100 посто да се задоволат потребите на македонските производители со домашна суровина, сепак се надева дека во идните години ќе има уште повеќе зголемено производство на сончоглед, а со што тие како производители на масло за јадење не ќе имаат повеќе потреба од увоз на сончоглед.

Никола Петковски од Свети Николе производител и претседател на Здружението на производители на сончоглед, оцени дека производителите лани имале задоволувачка производствена година.Тој појасни дека пред четири години имаше само илјади хектари, а лани околу 8000 хектари под сончоглед.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36714/vardar-so-tri-boda-od-veles/