Жителите на село Милино, на протест поради уништениот пат од тешки камиони кои го превезуваат ожнеаното жито

На три пункта денес жителите на село Милино ги блокираат локалните патишта кои водат кон Лозово и Каратманово, причината за незадоволството е лошиот пат, кој според нив е уништен од тешките возила, кои таму сообраќаат. 

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„По овој локален пат поминуваат шлепери од по 50 тони, транспортираат жито, а дозволена носивост е 7 тони. Ова се случува откако започна жетвата. Патот е уништен, а знаеме каква е постапката и колку време ќе помине додека ни го поправат или асфалтираат.“ – велат жителите од село Милино, лоцирано во општина Лозово. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Жителите на село Милино најавија дека ќе продолжат со блокадата на патот, а со тоа ќе биде стопиран и транспортот на ожнеаното жито од овој дел на Овчеполието сè додека не добијат писмено ветување од страна на градоначалникот на о. Лозово, Бошко Цветковски дека патот ќе биде саниран.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39477/dizelot-se-namaluva-za-eden-denar-czenite-na-benzinite-ostanuvaat-isti/