Македонија

(ВИДЕО) ССНМ: Новинарството за време на пандемија

snimaateli i fotoreporteri

Само професионални новинари и кредибилни медиуми може да се изборат со лажните вести и дезинформациите со кои е преплавен јавниот дискурс. Но, голема улога во тоа имаат и институциите и нивото на нивната транспарентност. За време на пандемијата транспарентноста опадна, но не и желбата на новинарите правилно да ја вршат …

Прочитај повеќе

Заев: Голема неправда е тоа што се случува, и мене лично ми е жал

Zaev-7

Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија 21 истакна дека му е многу мило за наградата од Берлин, бидејки тоа е награда за народот, кој донел мудри и внимателни одлуки. „Во последните три извештаи на ЕУ сме позитивно оценети, имаме договор со Бугарија како подлога за заедничка иднина. Покажавме европски …

Прочитај повеќе

Бугарија стави вето за Македонија

Sofija

Соседна Бугарија го прекрши договорот за добороседство и нема да ја поддржи земјава за старт на преговорите со европската Унија, соопшти премиерот Зоран Заев веднаш штом ја доби информацијата од состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ.  На состанокот бугарскиот преставник го потворил ставот на официјална Софија, нема поддршка …

Прочитај повеќе

„Пошта“ ја прифати понудата за соработка на „Халк Банка“, се чека согласност од Владата

posta

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ на денешната седница ја прифати конечната понуда за соработка на „Халк банка“ АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата. Како што е објавено на веб страницата на Поштата, рокот за имплементација се два месеца до технички прием на …

Прочитај повеќе

Втор ден по ред во Велес повеќе оздравени од заразени

veles

Бројката на новозаразени од коронавирус во Велес и велешко полека се намалува. Денес има нови 29 позитивни случаи на ковид 19, што е помала бројка споредбено со претходните денови. Денес Институтот за јавно здравје регистрира и 35 оздравени пациенти. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани се …

Прочитај повеќе

Државниот здравствен и санитарен инспекторат не лоцира пропуст или одговорност за смртта на 41 годишната пациентка

Infektivno Stip

Вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на штипско инфективно заврши. Според соопштението од досега утврдените факти нема лоцирано пропуст или одговорност. Топката сега е кај Министерството за здравство што треба да формира посебна Комисија што темелно ќе го истражи процесот на лекување на 41 годишната Руменка Довичинска …

Прочитај повеќе

Почина Љубисав Иванов-Ѕинго

Ljubisav Ivanov Zingo pocinat

Во својата 84. година, почина Љубисав Иванов- Ѕинго, поранешен долгогодишен пратеник, градоначалник на Кратово и претседател на Социјалистичката партија. Ѕинго беше поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија во периодот од 1993-1999, долгогодишен истакнат фудбалски работник како и прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на ФФМ. Љубисав Иванов …

Прочитај повеќе

Рекорден број на починати во едно деноноќие, во Велес во последните 24 часа починаа тројца пациенти

veles

Дваесет и четири велешани се меѓу 591 новооткриен случаи со ковид-19 во последните 24 часа во земјава, а се направени 1683 тестирања. Во истиот период од 24 часа. починаа рекордни досега 40 пациенти. Главниот град Скопје и денеска предничи по бројот на новозаразени, откако таму се откриени 218 случаи. Во …

Прочитај повеќе

Се спроведува истрага дали има вина кај сестрите за смртта на 41 годишна пациентка

Infektivno Stip

Во борба за воздух, така ги поминала последните часови 41 годишната беровчанка Руменка Довичинска, која пред два дена почина на штипска инфективна. Била позитивна на корона вирус и починала како последица на тешка форма на бронхопнемонија што ги зафатила двете белодробни крила. Хоророт за семејството почнал кога по нејзината смрт …

Прочитај повеќе

Комисијата за заразни болести одржа состанок, нема препорака за нови рестриктивни мерки

ministerstvo za zdravstvo

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството за здравство. Останува апелот за целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила, како што се забрана за работа на угостителски објекти после 21 …

Прочитај повеќе