(ВИДЕО) Второ место во екипна конкуренција за кајакарите на ККК Арка-Борец Велес во Фулда, Германија

Репрезентацијата на Македонија во кајак спуст во состав Љубомир Спасиќ, Кристијан Лазаров, Благој Гугинов и Александар Златаров, сите членови на велешкиот кајак клуб ККК Арка-Борец Велес имаа солиден настап на трките од второто коло на Европскиот куп во кајак спуст кој се одржува во градот Фулда, Германија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во тимскиот настап во категорија сениори, Љубомир Спасиќ, Алесандар Златаров и Кристијан Лазаров го освоија второто место. Во поединечна сениорска конкуренција Александар Златаров го освои 16 место, додека Љубомир Спасиќ го освои 19 место.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во категоријата до 16 години, јуниори, седмо место освои Благој Гугино, додека во категоријата до 18 години, јуниори, Кристијан Лазаров го освои осмото место. Денес на патеката во Фулда се вози класичната трка на 3 километри.

Можеби ќе ве интересира: