Почина доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков

Александар Стиков е роден во 1947 година, а целиот свој работен век го помина во
Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот
препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и
југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу
изговорени минути на програмата на македонското радио.

Zito akcija 640x289px

Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски новинари на
Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на
бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од
Меѓународниот олимписки комитет во 2004.

Agria

Како уредник на Спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари
и репортери. Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска
програма Спорт, музика, спорт и известуваше од седум Олимпијади и голем број европски
и светски првенства.

Погребот на посмртните останки ќе биде во петок (22 септември 2023 година) во 11.00 на
градските гробишта Бутел во Скопје (капела во 10.00), а комеморативната седница во
понеделник (25 септември 2023 година) во 11.00 во просториите на Македонската радио-
телевизија.

Можеби ќе ве интересира: