Притвор за групата предводена од 25-годишнен велешанец, кој со уцена принудувал на секс 14-годишно девојче

semejno nasilstvo

Притвор добија четворицата велешани и еден жител на Тетово, кои ја сочинуваат групата од петмина, за кои Батали.нет вчера објави дека се уапсени поради малолетничка порнографија. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги сомничи дека сториле кривично дело „Трговија со дете“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Според полицијата и обвинителството, „мозокот“ на целата операција бил 25-годишен велешанец, кој кон крајот на 2021 година преку Инстаграм запознал 14-годишно девојче и откако ја здобил нејзината доверба, на првата средба имал сексуални односи со неа, кои ги снимал, а потоа снимките ги користел како средство за уцена, девојчето да има сексуални односи со негови пријатели.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„С.Д.(25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д.С.(32) од Тетово, Д.Н.(25), Т.И.(22) и К.Т.(24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал“, велат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, полицијата извршила претрес во домот и во други простории на С.Д. Обвинителството во детали го опишува случајот.

„Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите осомничени и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед. На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале осомничени и други НН машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе“, велат од ОЈО за ГОКК.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал против нив поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело „трговија со дете“ по чл 418-г од Кривичниот законик, соопшти МВР. 

„Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, на предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка со решение определи мерка притвор за четворица осомничени и мерка куќен притвор за еден од осомничените“, соопшти обвинителството.

За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35654/apelaczija-potvrdi-pale-ilovska-ostanuva-na-sloboda/