Приведени три лица во велешко, запленето оружје

Lovecka puska

На 21.09.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода П.П.(51) од село Плевење, општина Чашка и Т.С.(78) од село Теово, општина Чашка, а во 16.50 часот од слобода бил лишен и Н.Ш.(28) од Велес. По преземени мерки било дојдено до сознание дека П.П. поседува огнено оружје.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во службен разговор со него, П.П. изјавил дека поседува една пушка карабин која била во домот на Н.Ш., кој доброволно ја предал на полициските службеници заедно со неколку куршуми различен калибар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Додека, пак Т.С. на полициските службеници предал една ловечка пушка калибар 16 и две воздушни пушки калибар 5,5мм и калибар 4,5мм.

Можеби ќе ве интересира: