Затворен автопатот Велес – Скопје,возилата пренасочени кон автопатот Штип-Миладиновци

Снегот кој од попладнево паѓа на повеќе делови во земјава предизвика проблеми во сообраќајот. Од 18:40 часот автопатот Велес – Скопје е затворен за сообраќај , ќе биде пренасочен кон Штип односно Свети Николе, соопшти АМСМ.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На патарината кај Велес, има поголем застој. Возачите повеќе од еден час чекаат полицијата да ги пренасочи кон автопатот Штип – Миладиновци.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Заглавени камиони и возила има на повеќе патни правци. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека од попладнево 16:30 часот затворен за тешки товарни возила е патниот правец Крива Паланка – граничен премин „Деве Баир“. Инаку од ЦУК информираат дека поради снегот и дождот попладнево без струја останале делови од Општина Центар во Скопје, како и населени места во Струмица, Тетово, Свети Николе, Кичево, Дебар, Гостивар и Македонски Брод.

Можеби ќе ве интересира: