Македонија

Владата ќе бара продолжување на вонредната состојба

Venko Filipce 01.04.2020

Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува во сабота. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на Советот за безбедност ќе побараат продолжување на вонредната состојба. “Утре треба да се одржи состанок на Советот за безбедност. Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба од …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО+ФОТОГАЛЕРИЈА) Тримесечно бебе меѓу повредените во железничката несреќа кај Велес

naslovna

Тримесечно бебе е едно од петтемина патници во автомобилот, кој синоќа излета од патот Велес – Градско, падна на железничката пруга, а на него налета локомотива. Сите петмина се надвор од животна опасност. „Повредени се пет лица, маж на 27 години со фрактура на лумбален `рбет. Поради природата на повредата, …

Прочитај повеќе

(ВИДЕО+ФОТО) Автомобил полн со патници излета на пруга и во него удри воз во близина на Агриа

zeleznicka-nesreka-kaj-agria-101

Воз удри во автомобил вечерва околу 19 часот, во близина на дирекцијата на Агриа, во близина на јужниот влез на Велес. Автомобилот излетал од коловозот и паднал на железничката пруга, а на него налетал воз кој се движел на линијата Велес – Гевгелија. Во моментот на несреќата во возилото марка …

Прочитај повеќе

СЗО повторно апелира здравите да не носат маски

woman-wearing-face-mask-3869390

Здравите луѓе да не носат маски, штетни се, повторно апелираат од Светската здравствена организација (СЗО). Оттаму велат дека маските се потребни само за оние кои се заразени со коронавирус или пак за луѓето кои се грижат за пациенти. Според директорот за управување со вонредни состојби на СЗО, Мајк Рајан, во …

Прочитај повеќе

Спасовски и Сугарески направија увид на експресниот пат Штип-Радовиш

97333008_2286680998306015_486587749885804544_n

Премиерот Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со директорот на ЈП државни патишта Зоран Китанов, денес направија увид во градежните активности на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. “Можам да констатирам дека изградбата на експресниот пат се одвива со одлично, забрзано темпо. Реализацијата на работите е извршена …

Прочитај повеќе

Коронавирус и меѓу вработените во фабриката за автобуси „Ван Хоол“

vanhool

Најмалку еден вработен во фабриката за автобуси „Ван Хоол“ е позитивен на коронавирус, дознава Батали.нет. Неговиот резултат од тестот за Ковид-19 стигнал вчера. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова Бухова на прес конференцијата одржана денеска, прво одговори дека нема таква информација. „Неколку пати дневно ДСЗИ е …

Прочитај повеќе

Еден заразен и еден починат велешанец во последните 24 часа

CJZ Veles 1

Еден заразен и еден починат велешанец од коронавирус се регистрирани во последните 24 часа. Во Општата болница во Велес почина пациент на 76 години, хоспитализиран на 6 мај. Тој е петтата жртва на коронавирус во Велес. Во последното деноноќие се регистрирани уште два смртни случаи. Пациентка од Тетово на возраст …

Прочитај повеќе

Од денес почнува масовниот скрининг за Ковид-19

Test

Од денеска почнува скринигот на вработените во градинките, како и на одредени ризични категории. Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека ќе почнат со вработените од градинките кои се близу 2000 со цел изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција. – Во следниот период …

Прочитај повеќе

Се запали приватен автобус во Скопје

avtobus_skopje_privaten

Во пожар кој утрово избувна под железничката станица во Скопје изгоре автобус на приватни превозници. Во гаснењето на пожарот интервенираше Бригадата за противпожарна заштита, со две возила и седум пожарникари. “Имавме повик за запален автобус во 7:20 часот. Нашата брза интервенција спречи пожарот да се прошири наоколу. Според првичните сознанија, …

Прочитај повеќе

Комисијата за заразни болести предлага да се почне со олабавување на мерките

Отворање на центрите за едукација, испитните центри, спортските обложувалници и затворените трговски центри оваа недела ќе предложи до Владата Комисијата за заразни болести, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Овие дејности би функционирале во времето кога нема полициски час. Промени во полицискиот час засега не се планираат. …

Прочитај повеќе